Џиновска лигња снимена во Мексиканскиот залив (ВИДЕО)

Реткa, џиновскa лигњa се појави на камера поставена во водите на Мексиканскиот залив. Научниците кои ги проучуваат водите имаа можност на несекојдневна средба со една џиновска лигња.

Истражувачите кои работат со NOAA Канцеларијата за истражувања и претраги на океанот, ги забележале овие гигантски лигњи на само 100 милји од брегот на Њу Орлеанс. Истите се регистрирани со камерата која има систем за осветлување дизајниран да имитира биолуминисцентна медуза.

Експедицијата беше дел од „полноќната мисија“ , која истражува длабоки, темни области на Мексиканскиот залив под 3800 метри, позната како батипелагична (полноќна) зона.

„Веднаш знаевме дека тоа е лигња. Беше невозможно да се каже точно колку е голема. Но, некои наши проценки велат дека големината и беше од 3 до 3,7 метри“, вели д-р Сонке Џонсен.

Научниците исто така велат дека овие џиновски лигњи, интересно, биле забележани во област која честопати била прикажувана на стари карти, каде биле означени како места на кои има подводни “чудовишта”, со предупредувања до морнарите во областа.

Текстот Џиновска лигња снимена во Мексиканскиот залив (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.