Џонатан, џиновска желка од Сејшелите, е роден во 1832 година и е најстарото животно во светот.
Меѓутоа, фактот дека е стар не значи дека не знае да живее. Иако со текот на времето стана слеп, како што кажа ветеринарот, Џонатан го живее својот најдобар живот на оддалечениот остров Света Елена во јужен Атлантик.
Кога ќе се спореди со некои пронајдоци, оваа огромна желка е постара од светилка и oд моторизиран автомобил!
Џонатан со текот на времето стана икона, а своите денови ги поминува јадејќи и излежувајќи се во вилата на гувернерот.
Според Унилад, животното има точно 187 години, а неговиот најдобар пријател, втората најстара желка на островот, се вика Дејвид и има само 80 години.
Колку е популарно животното покажува фактот дека неговиот лик е на грбот на монетата во земјата.
Пред неколку години имал здравствени проблеми, но по спроведената диета закрепнал и сега повторно е моќна желка.
Текстот Џонатан е најстарото животно во светот, има 187 години е превземен од USB.mk.