Е-Цигарите менуваат ДНК и предизвикуваат рак

Популарноста на електронските цигари продолжува да расти низ целиот свет, особено бидејќи многу луѓе ги сметаат за поздрава алтернатива на пушењето.

Иако долго-трајниот ефект на е-цигарите е непознат, денеска група од научници објавија истражување кое покажува дека хемикалиите што електронските цигари ги користат го менуваат генетскиот материјал, ДНК, на клетките во устата, грлото и дишните патишта.

Според нив ова го зголемува ризикот за рак драстично.

Научниците своето истражување денеска го презентираат на интернационална група од здраствени организации кои откако ќе го потврдат заклучокот ќе испратат официјално барање до властите за да се започне со забрана на овој тренд.

 

Текстот Е-Цигарите менуваат ДНК и предизвикуваат рак е превземен од USB.mk.