Египет ќе ги отвори за посетителите двете најстари пирамиди кои се наоѓаат околу 40 километри јужно од Каиро, првпат од 1965 година.
Министерот за антиквитети Калед ел Анани изјави дека египетските археолози во кралската некропола Дахшур пронашле колекција камени, глинени и дрвени саркофази, од кои некои содржат мумии.
Тој додаде дека се пронајдени и дрвени погребни маски и инструменти за сечење камен, кои датираат од доцниот период, односно од 664. до 332, година пред новата ера.
Во областа на некрополот Дахшур се наоѓаат пирамидите кои се сметаат за најстари, како што се Свитканата пирамида на Снеферу и Црвената пирамида.
Текстот Египет отвора две најстари пирамиди за посетителите е превземен од USB.mk.