Користењето на екран чувствителен на допир во автомобилот значително го продолжува времето на реакција на возачот во непредвидливи ситуации во сообраќајот, покажува неодамнешна студија.
Технолошките достигнувања кај современите автомобили значително придонесуваат за удобност при возењето и зголемената безбедност во сообраќајот. Системите, како што се оние кои му укажуваат на возачот за присуство на друг автомобил во мртвиот агол, или откривање на пешаци на патот во услови на слаба видливост или при ноќно возење, спречуваат многу потенцијални несреќи и спасуваат животи.
Сепак, во возилата има и технологии кои го зголемуваат ризикот од несреќа и може да го направат возењето поопасно од вообичаеното. Една неодамнешна студија објавена од британската организација за безбедност на патиштата, IAM RoadSmart, наведува дека Apple CarPlay и Android Auto системите, користени за поврзување на смартфоните со мултимедијалните системи во автомобилите, кога се користат при возење, можат да бидат значително поопасни од возењето под дејство на алкохол.
Поточно, како што е наведено во таа студија, времето на реакција на возачот – кој користи екран на допир при возење, во непредвидливи сообраќајни ситуации е значително подолго од времето на реакција на возач чија концентрација на алкохол во крвта е во рамките на законските ограничувања (под законската граница).
Така, утврдено е дека реакцијата на возачите кои користат екран на допир (Andoird Auto и Apple CarPlay системи) е побавна за 53 до 57 проценти од нормално.
За споредба, кај возачите кои имаат концентрација на алкохол во крвта во законски дозволената граница, времето на реакција е побавно за 12%.
Извор: Додај Гас
Текстот Екраните чувствителни на допир во автомобилите поопасни од возење под дејство на алкохол? е превземен од USB.mk.