Еден од големите проблеми со електричните возила е тоа што тие се скоро безшумни, па затоа можат да претставуваат голема опасност за пешаците кои се потпираат на слухот.
Особено ранливи се слепите лица кои се принудени да се водат по слухот ког преминуваат преку улиците, па очигледно е дека проблемот со електричните автомобили по прашање на нивната безшумност ќе треба да се реши наскоро. Американското Министерство за транспорт извршило истражување кое покажува дека електричните автомобили учествувале во 37% повеќе сообраќајни несреќи во кои се повредени пешаци споредено со конвенционалните модели.
ЕУ на овој проблем му приоѓа така што од 1-ви јули следната година сите електрични модели ќе треба да имаат посебен систем кој емитува предупредувачки звук кога возилото ќе се приближи до пешак. Од 2020 година ова правило ќе важи и за хибридните автомобили, но исто така и за возилата со горивни ќелии.
Од 2014 година, Европската Унија предвидува сите електрични модели да мора да емитуваат звук до 20 km/h, а јачината на звукот не смее да биде послаба од 56 dB и посилна од 75 dB. Исто така, овој аудио ефект мора да наликува на звукот што го емитуваат SUS моторите.
Европската унија покрај тоа што е загрижена за слепите лица, загрижена е и за зголемениот број на тинејџери кои носат слушалки во ушите, а со тоа аудио предупредувањата добиваат уште поголемо значење.
Извор: Додај Гас
Текстот Електричните автомобили наскоро ќе треба да емитуваат звук е превземен од USB.mk.