Uber вработува инженери за развој на автономни скутери и велосипеди, кои сами ќе пристигнуваат до корисникот и сами ќе заминуваат на полнење на батеријата.
Uber се подготвува за радикални промени на пазарот за транспорт кои се очекуваат да станат реалност во текот на следните години. Американската компанија веќе го револуционаризираше пазарот на такси превоз, а се подготвува и за следниот голем чекор во оваа индустрија-автономни автомобили кои еден ден ќе ги “отфрлат” возачите.
Но, покрај автомобилите, во последно време сè повеќе популарни стануваат и сервисите за превоз на две тркала – електричен велосипед и електричен скутер кои се сметаат за идеалните превозни средства за пократка релација.
Вредноста на некои компании кои изнајмуваат електрични скутери во кратко време достигна 2 милијарди долари, но не се сите воодушевени со таквиот начин на превоз и постојат бројни проблеми кои треба да се решат.
Покрај тоа што тротоарот го делат пешаците и скутерите, пришто се создава гужва, а не се ретки ниту сударите и падоците, проблемот е оставањето на велосипедот и скутерот. Корисниците можат да ги остават каде што ќе посакаат, така што често го прават на улица, пред зграда, пред ограда па им пречат на луѓето. Исто така проблемот е кражбата и нивното уништување и фактот што секој ден треба да се полнат. Тоа најчесто се прави навечер-компаниите имаат потпишани договори со партнерите кои се задолжени за собирање, поправање и полнење на електричните возила, што е скапа логистичка операција за која и Uber се обидува да пронајде адекватно решение.
Тоа решение е автономно-односно електричните скутери и велосипеди кои автономно ќе можат да се движат без возач. Наместо корисниците да бараат скутери или велосипеди само ќе ги повикаат по пат на апликацијата и тие сами ќе им пристигнат, а на истиот начин сами ќе одат на полнење кога батеријата ќе светне црвено.
Извор: Zimo.hr
Текстот Електричните скутери и велосипеди сами ќе доаѓаат до корисниците е превземен од USB.mk.