Елон Маск го најави отворањето на транзитниот тунел под Лос Анџелес (ВИДЕО)

Сопственикот на компанијата Boring Company, Елон Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анџелес за 10 демеври.

Брзиот транзитен тунел кој компанијата Boring Company го копа под Лос Анџелес ќе биде отворен на 10. декември, потврди основачот Елон Маск. Тој преку Twitter го потврди отворањето на тунелот, како и бесплатно возење на јавноста наредната вечер.

Маск, кој е познат по тоа што не секогаш ги исполнува ветените рокови, бил запрашан од твитер-корисник дали целта на 10. декември е „реално време“ или „Маск време“, на кое извршниот директор одговорил: – Мислам дека е реално.

Тест тунелот е долг три километри и има максимална брзина од околу 240 километри на час, вели веб-страницата на Boring Company.

Во септември, градскиот совет на Хоторн даде одобрение за компанијата да изгради прототип систем што ќе поврзува гаража со подземен тунел. Успехот на тест-тунелот најверојатно ќе помогне во реализирањето на целта на Маск – да помогне ужасниот сообраќај да се премести под земја.

Текстот Елон Маск го најави отворањето на транзитниот тунел под Лос Анџелес (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.