Елон Маск си постави нова амбициозна цел – крај за долгите авионски летови. Благодарение на SpaceX патничката ракета во развој, патот од Лондон до Њујорк ќе трае скоро 29 минути, а до Сиднеј – 51 минута.
Според стручните лица од швајцарската компанија UBS, намалувањето на времето на летање од 10 часа на само неколку минути, со помош на Вселената, ќе „ја канибализира“ веќе постоечката индустрија.
Според Маск, првиот таков лет ќе се случи до 2030 година, а според UBS, тогаш тој бизнис ќе чини 15 милијарди долари.
Иднината на патувањето на долги релации ќе вклучува ракета што ќе оди на работ на атмосферата на Земјата и потоа ќе се врати на Земјата. Според познавачите, веројатноста вселенскиот туризам да премине од научна фантастика во реалност е огромна, не само поради напредокот во технологијата, туку и поради соперништвото меѓу SpaceX и Virgin Galactic.
И имајќи го тоа предвид, многу хотели размислуваат да основаат свои филијали во вселенските станици.
Текстот Елон Маск: Од Лондон до Сиднеј ќе се патува за помалку од еден час е превземен од USB.mk.