Контроверзниот милијардер и иноватор Елон Маск, на Twitter објави фотографија и најави како отприлика ќе изгледа вселенскиот брод на кој моментно работи.
“Starship кој се монтира ќе изгледа слична на ова на фотографијата. оперативниот вселенски брод би требало да има прозорци…”, напиша Маск.
Иако досега во јавноста се појавуваа многу малку илустрации за тоа како би требало да изгледа, Маск со објавата на Twitter одлучи да ја промени ситуацијата и да му даде мала назнака што може да се очекува.
Starship test vehicle under assembly will look similar to this illustration when finished. Operational Starships would obv have windows, etc. pic.twitter.com/D8AJ01mjyR
— Elon Musk (@elonmusk) January 5, 2019
Основачот и директор на компанијата Space X одлучи во ноември минатата година да го промени името на своето патничко летало Big Falcon Rocket (BFR) во Starship, додека ракетниот booster ќе се вика Super Heavy.
Во септември SpaceX објави дека јапонскиот милијардер Yusaku Maezawa ќе биде прв патник кој ќе патува со леталото. Мисијата е планирана за 2023. година, доколку леталото биде завршено навреме.
Тој нема да слета на Месечината, туку ќе патува на таканаречената патека на слободно враќање. Тоа значи дека Starship ќе се врати на Земјата откако ќе помине околу подалечната страна на Месечината.
Долгорочниот план на Маск е заминување на луѓето на Марс и колонизација на оваа планета. За леталото кое би го овозможило тоа не зборуваше многу, но тоа би требало да понуди доволно места за 100 патници.
Текстот Елон Маск покажа како изгледа вселенскиот брод Starship е превземен од USB.mk.