Запознајте го роботот, кој по своите движења потсетува на човек. Во прашање е роботска рака, која се усовршува на тој начин што може да се служи со предмети, речиси на ист начин како и човекот.
„Open AL“ е група за истражување и развој на роботика, која ја поддржаа технолошките гиганти Елон Маск и Питер Тил, за да се развие софистицирана моторика на роботот.
Тие успеаја да направат рака, која ќе научи нови движења само врз основа на искуства и предупредувања, односно без минимална човечка интервенција.
Новиот систем му овозможува на роботот да зема и врти предмети, да манипулира и да се служи со нив, речиси на ист начин како човекот, пишува „Daily Mail“.
„Додека прецизното раководење со предметите е основна работа за човекот, ова е голем предизвика за автономните роботи“, велат истражувачите од „Open AL“.
Ова е така, поради тоа што модерните роботи се дизајнирани за ограничен број на команди и задачи.
OpenAI’s robotic hand doesn’t need humans to teach it human behaviors https://t.co/SrhrL74SOB pic.twitter.com/taU6seLDws
— TechCrunch (@TechCrunch) July 31, 2018
Додека човекот се служи со поширок спектар на движења во различни опкружувања, роботот ја нема оваа можност. Поради тоа, споменатите истражувачи, како што тврдат, сакаат најпрво да создадат таква рака, а потоа да ја тестираат на робот.
Првата задача се состоеше од тоа, роботската рака да може на најразлични начини да фати коцка, потоа да ја ротира, на тој начин што секогаш ќе ја сврти на одредена страна и притоа коцката да не падне.
Системот на крајот успеа сам да ги открие триковите со коцка, како што се вртење или користење на гравитацијата, за полесно да може да управува со неа.
На крај, како што планираат истражувачите, оваа рака ќе се вгради на робот. Тестовите покажаа дека раката е исклучително флексибилна, односно дека може да изведува разновидни движења, вклучувајќи и покажување на палец или среден прст.
Исто така, роботот успеа да ги синхронизира и прстите на различни начини, поради фаќањето на специфични предмети.
Откритието, кое се однесува за тоа роботите да можат да бидат што е можно пофлексибилни, може позитивно да се одрази на компаниите кои сакаат да ја автоматизираат својата работна сила, велат од „Open AL“.
„Нашите резултати покажуваат дека, наспроти мислењето кое владее, алгоритмите можат да решат комплексни проблеми во роботиката“, истакнуваат од компанијата.
Извор: Oslobodjenje.ba
Текстот Елон Маск развива робот кој ќе му биде многу сличен на човекот е превземен од USB.mk.