Контроверзниот Елон Маск одново се јави со неговата веќе позната идеја, да се „нападне“ Марс со нуклеарки. Не за да се уништи Црвената планета, туку идејата на Маск е со термонуклеарно оружје да се бомбардираат двата пола на Марс за да отпочне процес на тераформирање, неопходен за идна колонизација.
Nuke Mars!
— Elon Musk (@elonmusk) August 16, 2019
Преку таков „напад“ на Марс би се ослободил заробениот јаглероден диоксид на планетата со што би создал ефект на стаклена градина кој би чувал вода на површината недозволувајќи ѝ да замрзне или да испари. Но, како што НАСА објави, има еден мал проблем за тоа да се реазилира.
— Elon Musk (@elonmusk) August 17, 2019
„Резултатите од нашето истражување покажаа дека нема доволно јаглероден диоксид на Марс за да направи значајно затоплување преку стаклена градина. Поголемиот дел од гасот се наоѓа на места кои се скоро недостапни. Според тоа, тераформирањето со денешната технологија е невозможно“, рече Брус Џејкоски од Колоради Универзитетот кој го водел истражувањето.
Текстот Елон Маск сака да фрла нуклеарни бомби на Марс е превземен од USB.mk.