Елон Маск одлучи детално да проговори за плановите за “походот” на Марс, и тоа не само за патувањето до Црвената планета, туку и за акциите што ќе доведат до првите одржливи населби. Така, во рамките на овие долгорочни планови, луѓето би станале интерпланетарни видови, не за сто или двесте години, туку, како што тврди Маск, многу порано.
Лансирањето на едно вселенско Starship летало чини околу два милиони долари, а ќе бидат потребни многу повеќе од еден вселенски брод за трансформирање на Марс. Поточно, Маск тврди дека за успехот на проектот ќе бидат потребни најмалку илјада летала, кои ќе служат за транспорт на товар, градежни материјали и екипи, а целиот процес се проценува дека ќе трае најмалку 20 години.
За воопшто дали да се размислува за населување на Марс, потребно е барем едно управувано вселенско летало да стигне до оваа планета, така што првата мисија е планирана за 2024 година, но има многу што веруваат дека е рано и дека првите луѓе ќе стигнат на Црвената планета многу подоцна.
Извор: PC Press.rs
Текстот Елон Маск: За првата населба на Марс ќе бидат потребни 1.000 Starship летала е превземен од USB.mk.