Европската унија од 2022 година планира да воведе систем за евидентирање на влез и излез од шенгенските граници со кој ќе биде исфрлена употребата на печати во пасошите.
Системот се воведува, бидејќи негова алтернатива беше враќање на визите и земање биометриски податоци во конзуларните претставништва, пренесува весникот „Независне новине“.
-Воведувањето на системот ЕТИАС ( што подразбира скенирање на лицето и отисок од прстите) е планирано за 2021 година, меѓутоа, можно е дојде до доцнења и неговата примена да почне во време кога ќе почне и новиот режим на минување на границите, изјави Катарина Коланко, од Одделението за безбедност, регулација, владеење на законот и основни права на Европската комисија.
Со оглед на фактот дека по примената на новиот систем веќе нема да има печатирања во пасошите, тоа ќе значи дека сите податоци ќе можат да се проверат со самото скенирање, без прелистување на пасошот.
Коланко наведува дека на овој начин многу брзо ќе може да се провери дали лицето го пречекорило тримесечниот престој на територијата на Шенгенскиот простор.
– Системот ќе го провери името и презимето, валидноста на документот, отисокот на прстите и лицето. Не само што нема да може да има никакви дополнителни оптоварувања за оние кои патуваат, туку преминувањето на границата ќе биде побрзо и поедноставно, нагласи таа.
Текстот ЕУ: Печатите на граница заминуваат во историјата е превземен од USB.mk.