Европската вселенска агенција објави фотографии од речното корито на Марс

Кога ќе се помисли на Марс, обично се замислува средина која е туѓа, и не личи на она што му е познато на човекот. Новите фотографии го покажуваат токму спротивното, покажувајќи свет што некогаш можеби не се разликувал многу од оној на Земјата.

Европската вселенска агенција објави фотографии од прастаро, исушено корито, со должина од приближно 700 километри и потсетува на речни корита кои можат да се видат и на Земјата. Ова е уште еден доказ дека на Марс имало вода пред околу 3,5 до 4 милијарди години, а фотографиите ги снимило леталото Марс Експрес, кое моментно се наоѓа јужно од екваторот на Марс. Областа, како што може да се види и на фотографиите, е обликувана од комбинација на активности на проточни води и астероиди кои се урнале во минатото на површината на Црвената планета, а на површината се гледаат голем број кратери направени од предмети со различни големини.

Постоењето реки на Марс укажува и на тоа дека планетата некогаш имала потопла, повлажна, со други зборови клима што потсетува на онаа на Земјата, а вселенското летало „Марс експрес“ обезбеди доказ за ова со помош на High-Resolution Стерео камера, која се користи за површината на планетата да се мапира во боја и висока резолуција.

 

Текстот Европската вселенска агенција објави фотографии од речното корито на Марс е превземен од USB.mk.