ФИФА сериозно размислува за опцијата линиските судии и другите помошници судии да бидат заменети со роботи набргу во уште еден обид со технологијата да го подобри спортот, тврдат британските медиуми.
Според „Дејли мирор“, ФИФА веќе формирала посебен оддел кој ќе разгледува како технологијата може да помогне на спортот, и еден од првите заклучоци е дека судијата со офсајд знамето може да стане работа на минатото за неколку години.
Ако ова навистина се оствари, тогаш реакциите сигурно ќе бидат брутални, бидејќи и сега ВАР системот на ФИФА останува со голем број на скептици меѓу фановите, но јасно е дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е голем љубител на технологијата. Шефот на ВАР системот во Премиер лигата, Нил Сварбик вели дека ВАР е совршена технологија.
„Луѓето едноставно не се навикнати. Понекогаш дури може да биде поинтересно“, вели Сварбик.
Текстот ФИФА ги менува линиските судии со роботи? е превземен од USB.mk.