Потрагата по изгубените планинари во шумите можат да биде тежок и долг процес, бидејќи хеликоптерите и дроновите не можат да видат се низ густиот дрворед, пренесува Science Daily.
Неодамна, пак, направени се предлози со кои автономни дронови кои можат да се движат низ дрвјата би можеле да помогнат во овие потраги. Но, GPS сигналите кои се користат за навигација на леталата некогаш и не се толку сигурни, или, пак, некогаш во шумски средини тие се дури и непостоечки.
Во документ презентиран на конференцијата на Меѓународниот симпозиум за експериментална роботика, истражувачите при МИТ опишуваат автономнен систем на флота на дронови кои заеднички вршат потраги под густи шумски дрвореди. Беспилотните летала користат само внатрешна програма и безжична комуникација, и притоа не им е потребен GPS.
Секој автономен дрон е опремен со ласерски пронаоѓач за проценка на позицијата, локализацијата и планирањето на патеката. Додека леталото лета наоколу, тоа создава индивидуална 3D карта на теренот. Алгоритмите помагаат да препознае неистражени и веќе пребарани точки, па така дронот знае кога областа е целосно мапирана. Надворешна станица потоа ги комбинира поединечните мапи од повеќе дронови во една глобална 3D карта која може да се следи од страна на спасувачите кои се на терен.
“Во суштина, ние луѓето ги заменуваме со флота од дронови кои процесите на потрагата и спасувањето ги прават поефикасни“, вели авторот на истражувањето, Јулун Тјан, дипломиран студент при Одделот за аеронаутика и астронаутика (AeroAstro).
Истражувачите тестирале повеќе дронови во симулации на случајно генерирани шуми и тестирале два дрона во пошумениот дел од истражувачкиот центар на НАСА, Лангли. Во двата експерименти, секој дрон мапирал површина од околу 20 квадратни метри за околу две до пет минути и потоа нивните мапи биле заеднички искомбинирани. Дроновите исто така покажале добри резултати во неколку категории, вклучувајќи ја и целокупната брзина и времето на комплетирање на мисијата, потоа при откривањето на карактеристиките на шумите и прецизното комбинирање на мапите.
Текстот Флота на дронови помaгаат во потрагата по изгубени планинари е превземен од USB.mk.