Фондацијата на Бил Гејтс развила систем за контрола на вакцинацијата

Невидливата „тетоважа“ е патент изработен од полупроводни мали кристали кои ја рефлектираат светлината и сјаат под инфрацрвена светлина. Патентот ќе биде инјектиран заедно со вакцината со високо-технолошки  микроигли.

Истражувачите на тој начин ќе ги следат луѓето и ќе знаат дали биле вакцинирани. Микроиглите ќе оставаат белег од мастило, кое е видливо под инфрацрвени зраци.

„Во областите каде што картоните за вакцинација често се губат или воопшто не постојат, електронската база на податоци е напредок. Оваа технологија може да обезбеди брза и анонимна заштита за историјата на вакцинирањето на пациентите. Така ќе бидеме сигурни дека секое дете е вакцинирано“, рече научникот Кевин Мекхју.

Истражувањето го финансирала фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, организација која се бори против искоренување на детската парализа и сипаници ширум светот, пред се со вакцинација.

Научниците веќе го испробале патентот и утврдиле дека жигот на стаорците останува видлив девет месеци по инјекцијата, додека на човечките тела останува пет години.

Можно е овој пристап да создаде нова база на податоци во иднина, особено во неразвиените земји“, вели истражувачот Роберт Лангер.

Фондацијата “Бил и Мелинда Гејтс” претходно била критикувана за нивниот проект за вакцинација во 2009 година во Индија.

Извор: B92.net

Текстот Фондацијата на Бил Гејтс развила систем за контрола на вакцинацијата е превземен од USB.mk.