Уште во април, шефот на Ford, Џим Хакет, призна дека компанијата го преценила пристигнувањето на самостојни автомобили. Тој додаде дека претставувањето на првата автономна флота на Ford веројатно ќе бидат потешко од претпоставеното, „бидејќи проблемот е премногу сложен“. Сега, производителот на автомобили ја купи компанијата со седиште во Мичиген, наречена Quantum Signal, со цел да му помогне да ги реши овие проблеми и да ја унапреди својата цел а таа е започнување на бизнис со автономни возила. Quantum Signal можеби не е некоја позната компанија, но таа имала важна улога во помагањето на американската војска да развие софтвер што може да ги контролира своите роботички возила на оддалеченост од илјадници милји.
Особено, програмата за роботика на војската го искористи нивниот софтвер за симулација на роботски возила ANVEL, за да ги истражи перформансите на беспилотните системи. Исто така, Quantum Signal разви алгоритми за контрола на автономните возила на војската.
Во својата објава, главниот технички директор на Ford, Ренди Висинтаинер, рече дека стручноста на компанијата ќе му отвори на производителот на автомобили пат да создаде сеопфатни симулациски окружувања што ќе може да ги користи за да ги тестира своите автономни возила. Стручноста на Quantum Signal во системите за сензација и перцепција исто така ќе најде употреба.
Текстот Ford купи компанија за роботика за да развие автономни возила е превземен од USB.mk.