Откако истражувачи одлучиле подетално да ги испитаат коските кои со децении стоеле во шкаф на кениски музеј, откриле сосема нов вид гигантски цицач, пишува Би-би-си.
Новооткриениот вид наречен simbakubwa kutokaafrika, што значи гигантски африкански лав на свахили, живеел во Источна Африка пред 20 милиони години и припаѓал на група на сега изумрени цицачи наречени Hyaenodon („хиенозаби“).
Ова најново откритие може да помогне во објаснувањето што се случило со таа група.
Членовите на групата Hyaenodon, именувана по забите кои се слични на оние со денешните хиени, биле доминантни месојади повеќе од пред 20 милиони години, но всушност еволуциски не се поврзани со хиените.
„Веруваме дека simbakubwa поради своите големи заби бил месојадец многу поголем од денешните лавови, а можеби и поголем од поларна мечка“, изјави палеонтологот Метју Бортс.
Тој во 2013 година работел на истражување во Националниот музеј во Најроби и во врска со оваа студија од музејот побарал да ја погледне содржината на збирката со назнака „хиени“.
Во шкаф на музејот наишол на уникатна челуст, заби и коски од непознато суштество кои таму пристигнале откако некој ги ископал во западна Кенија кон крајот на 70-тите години на минатиот век.
Текстот Фосил од гигантски лав пронајден во шкаф на кениски музеј е превземен од USB.mk.