Неодамна, францускиот претседател Емануел Макрон најави создавање на француски вселенски сили за заштита на сателитите на Земјата, а сега француското Министерството за одбрана објави програма за развој на нано-сателити опремени со оружје и ласери, пренесува LePoint.
Францускиот министер Флоренс Парли најави дека државата ќе потроши 700 милиони евра од воениот буџет за вселенската одбрана и дека до 2025 година таа ќе потроши повеќе од 4,3 милијарди евра.
Овие пари ќе бидат искористени за унапредување на француската мрежа на воени комуникациски сателити, управувана од француската морнарица. Војската сака следната генерација сателити да бидат опремени со камери, митралези и ласери кои би служеле за напаѓање и оневозможување на други сателити.
Француското Министерство за одбрана тврди дека сака да има серија нано-сателити во орбитата кои би можеле да ги заштитат стратешките објекти, со можност за брзо лансирање на сателити за замена на оние што се изгубени. Овие системи треба да бидат оперативни до 2030 година. Според Парли, целта на ваквите сателити не е само напад, туку и самоодбрана.
Текстот Франција сака да ги опреми своите сателити со оружје и ласери е превземен од USB.mk.