Научници од Калифорнија на дното на океанот открија огромна количина акумулиран гас што може да предизвика силно затоплување на атмосферата на земјата, со катастрофални последици за сите живи суштества.
Во источниот дел на Тихиот океан, во тек е мерење на нивото на метали во водата. Истражувачите забележале четирикратно зголемување на нивното присуство.
Експертите сугерираат дека ослободување на гасови од дното на океанот веќе се случило за време на глацијалниот период, односно пред околу 17.000 години. Потоа површината на Земјата се загреала за околу 8 степени, доволно за да се зголеми температурата на водата во океаните. Научниците сугерираат дека температурата на водата во светскиот океан ќе достигне критична точка за околу 90 години.
Гасни акумулации постојат не само во Тихиот Океан, туку и во многу други големи водни површини. Во суштина тие гасови се метан и јаглерод диоксид.
Текстот Гасот од дното на океаните закана за човештвото е превземен од USB.mk.