Geely вложува 326 милиони долари во сателити за самоуправувачки автомобили

Кинеската приватна компанија Geely вложува 326 милиони долари за изградба на мрежа на сателити што ќе бидат одговорни за самоуправувачки автомобили.

Geely се занимава со патен, камионски, железнички превоз, со патнички дронови, а сега го најави и својот мрежен „паметен тридимензионален мобилен екосистем”. Компанијата ќе го гради инженерско-тестниот систем во областа Жиејанг. Постројката ќе може да произведува различни модели на сателити од кои некои и нема да бидат наменети за Geely.

Лансирањето на сателитите може да почне и до крајот на годинава, но сè уште не се знае колку ќе бидат вкупно на број. Тие се наменети за т.н. ниска орбита и ќе можат да поддржуваат брз пренос на податоци, прецизна навигација и клауд-услуги.

„Таа прецизност не е важна само за автомобилите, туку ќе биде клучна и за беспилотните летала”, соопшти Geely.

Познавачите коментираат дека се има своја мрежа сателити може да биде огромна предност во однос на конкуренцијата.

Текстот Geely вложува 326 милиони долари во сателити за самоуправувачки автомобили е превземен од USB.mk.