Двајца мажјаци на жолтоногиот пингвин од сиднејскиот аквариум, кои изградија заедничко гнездо и на кои им беше доверена грижата за оплоденото јајце, станаа татковци на здрав потомок, објавија австралиските медиуми.
Вработените во аквариумот првин ставиле лажно јајце во гнездото на двајцата мажјаци Магик и Сфен за да проверат како двојката геј-единки ќе се снајде во улогата на родител.
Кога успешно го положиле тестот за родителство, на хетеросексуалната двојка пингвини им било доверено едно од двете оплодени јајца. Имено, вообичаено е пингвините да го напуштат вториот потомок затоа што им е тешко да најдат храна.
Младенчето е родено на 19 октомври и е првиот субантарктички пингвин што дојде на свет во аквариумот.
Текстот Геј-пингвини во Австралија станаа татковци е превземен од USB.mk.