Генетската модификација е опасна и може да го скрати животниот век, предупредуваат научниците

Првите луѓе кои се генетски модифицирани, близнаци од Кина, можеби мутирале на начин што го скратува очекуваниот животен век, покажуваат нови истражувања.

Хи Џианкуи го шокираше светот кога тој генетски ги промени близнаците за да им овозможи заштита од ХИВ. Но студијата објавена во списанието Nature Medicine покажува дека Џианкуи можеби значително да ја зголемил веројатноста дека бебињата ќе умрат млади.

Експертите велат дека акциите на Џианкуи биле “многу опасни” и “луди”. Поточно, неговите истражувања биле насочени кон генот CCR5 – збир на генетски инструкции кои се важни за функционирањето на имунолошкиот систем.

Но, генот е исто така и портата низ која вирусот ХИВ поминува и ги инфицира клетките. Мутациите во CCR5 всушност ги блокираат тие врати и создава отпор кон ХИВ.

Џианкуи работел на ембриони во услови на IVF, а потоа користел технологија за уредување, за да го промени генот CCR5. Потоа, минатата година беа родени близнаците, познати како Лулу и Нана.

Проблемот е што недопрениот CCR5 игра многу важна улога во телото. Тој е активен во мозокот и се бори против други инфекции, особено грипот. Една студија на Универзитетот во Калифорнија вклучи речиси 410.000 луѓе во Велика Британија, и покажа дека оние кои имале само мутирана верзија на CCR5, имале 20 отсто поголема веројатност да умрат пред 78 години.

“Мутацијата на CCR5 генот веројатно не е мутација што повеќето луѓе би сакале да ја имаат, и би можела да доведе до огромни последици, односно да предизвика повеќе штета отколку корист”, додал професорот Расмус Нилсен.

Текстот Генетската модификација е опасна и може да го скрати животниот век, предупредуваат научниците е превземен од USB.mk.