Германската „стартап“ компанија „Лилиум“, со седиште во Минхен, го претстави прототипот на летачко такси со пет седишта – проект кој планира да го реализира функционално до 2025 година.
„Лилиум Џет“ на почетокот на месецов го направи својот прв лет, а дел е од летачката такси служба за која велат дека ќе биде целосно оперативна во големите градови низ светот до 2025 година.
Летачкото електрично такси може да мине 300 километри за само 60 минути и тоа со едно полнење.
Корисниците ќе може да нарачаат превоз со помош на апликација, а возењето не би чинело многу повеќе од возењето со конвенционално такси.
Текстот Германска компанија презентираше електрично летачко такси (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.