Минхенскиот стартап Sono Motors најави дека следната година ќе почне со производство на првиот соларен електричен автомобил наменет за масовно производство. Компаниите Sono Motors и National Electric Vehicle Sweden (NEVS), потпишале договор за производство на моделот sion во поранешната фабрика на Saаb во Тролхетан во Шведска. Компанијата NEVS во 2012 година ја купи спомената фабрика на Saаb и сега ја користи оваа локација за производство на компоненти за други возила.
Текстот Германски стартап најави електричен автомобил на соларен погон за сериско производство е превземен од USB.mk.