Марсовскиот Ровер Опротјунити од почетокот на јуни беше фатен во бура што нагло порасна и ја опфати целата планета. Бидејќи сончева светлина неможеше да стигне до сончевите панели на роверот преку маглата, Опротјунити ја помина бурата во режим на мирување. Но од 10 јуни никој не слушнал никаков сигнал од роверот.
Набљудувањата од сателитот на НАСА во орбитата на Марс, покажуваат дека прашината сега се расчистува.
Веднаш штом Опротјунити ќе добие доволно сончева светлина за да се разбуди, NASA ќе почне да се обидува да комуницира со роверот. Ако тимот не слушне некаков сигнал во рок од 45 дена, ќе претпостави дека Opportunity не ја преживеал бурата и ќе престанат да испраќаат сигнали до него
Роверот беше прво наменет да помине околу еден километар на Марс во тек на 90-дневната мисија, но тој го надмина тоа поминувајќи повеќе од 45 километри во текот на последните 14 години, правејќи откритија меѓу кои и доказите дека во минатото црвената планета била сина и полна со вода како Земјата.
Текстот Глобалната бура на Марс стивнува, Опротјунити роверот можеби ќе се разбуди е превземен од USB.mk.