Во човечкото тело има одредена количина микропластика. Таа се внесува со помош на водата што ја пиеме, но и преку храната која ја консумираме.
Така, според сознанијата, секоја недела внесуваме 2.000 ситни парчиња пластика. Тоа е од прилика – пет грама, што е еднакво на едно пластично капаче. Тоа најмногу се внесува преку користење чаши, филџани, сол и пиво. Месечно внесуваме 21 грам пластика, а годишно – 250 грама и, тоа сериозно ги загрижува научниците.
– Сè што овој миг знаеме е дека внесуваме премногу пластика и дека тоа е токсично за нашето тело. Тоа е доволна причина за загриженост, изјави д-р Тава Паланисами од Универзитетот на Њукасл, Австралија, којшто работеше на научниот труд.
Пластиката не се разградува, таа само се распаѓа на помали парчиња, па завршува и во прехранбениот синџир.
Ако просечниот животен век е 79 години, за тој период човек внесува 20 килограми пластика во својот организам, што е еднакво на две полни канти за ѓубре.
Генералниот директор на Светската организација за заштита на природата, Марко Ламбертини смета дека овие наоди би требало да се послужи како повик на будење на владите ширум светот.
– Не само што пластиката ги загадува нашите океани и другите водни површини и го убива морскиот свет, неа ја има и во самите нас и не можеме да го избегнеме внесувањето пластика, рече Ламбертини, додавајќи дека глобалната акција е итна и неопходна за борба против оваа криза.
Текстот Годишно во себе внесуваме 250 грама пластика е превземен од USB.mk.