Мистериозен објект се појавил на брегот на Јужна Каролина.
Се работи за голем , цилиндричен објект и изгледа како да е направен од пластика и пена. Дијаметарот на предметот изнесува околу 2 метри, а тежок е околу 100 килограми. Објектот многу потсетува на некоја вселенска направа, па така ги натерал теоретичарите да полемизираат, што всушност претставува тој.
Можеби се работи за дел од Меѓународноата вселенска станица, или некој дел од проектот на Илон Маск, а можеби и некоја форма на вонземски душек. Никој не знае со сигурност, но Лорен Раст, извршниот директор на Lowcountry Marine Mammal Network, вели дека најверојатно тој не бил долго време во вода, што значи дека не е залутано парче вселенско ѓубре од некоја претходна вселенска мисија. Никој не се пријавил како сопственик, а Крајбрежната стража дури изјавила дека не го препознаваат како дел од било кој постоечки брод. Ова наведе многу луѓе да шпекулираат за неговото вистинско потекло.
Текстот Голем мистериозен објект се појавил на плажа во Јужна Каролина (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.