Google ги поврзува Европа и Африка со подморски кабел

Google овој петок официјално најави дека ќе почне со изградба на нова интернет инфраструктура, која ќе ги поврзува Европа и Африка. Подморскиот оптички кабел Equiano би требало на оваа релација да го зголеми капацитетот на постоечкото решение за дури до 20 пати, и тоа со користење на нови технологии, кои овозможуваат поевтино оптимизирање на преносот на податоци.

Ова е трета целосно приватна инвестиција на Google во некој голем подморски интернет кабел, и вкупно 14. проект од овој тип кој го покренала компанијата. Кабелот Equiano, наречен според нигерискиот писател и борец против трговијата со бело робје, ќе се протега од Лисабон во Португалија се до Кејптаун во Јужноафриканската република. На трасата ќе бидат изработени и неколку чворови, кои ќе бидат наменети за подоцнежното приклучување на земјите од западниот брег на Африка. Прва на овој начин ќе биде приклучена Нигерија.

Првата фаза на проектот, во која ЈАР и Португалија ќе бидат поврзани со кабел, би требало да биде завршена во 2021. година, а на поврзување на останатите земји ќе се пристапи потоа.

 

Текстот Google ги поврзува Европа и Африка со подморски кабел е превземен од USB.mk.