Google Maps ќе покажува каде има полначи за електрични автомобили

За да ја зголеми достапноста на полначите за електрични автомобили, Google Maps најави дека нивните локации ќе ги додаде на својата апликација. За почеток, ќе бидат ставени полначите на Tesla и на Chargepoint, за iOS и Android верзиите, додека за  поддршката за десктоп верзија ќе треба да се почека неколку седмици.

Од компанијата најавија дека ќе поддржуваат и различни мрежи за полнење во различни земји, а апликацијата ќе ги покажува полначите на EVgo, Blink и на emaConnect во САД; Chargemaster и Pod Point полначите во Велика Британија. Корисниците треба да ги пребаруваат со „EV charging“ или “charging stations“, при што ќе може да видат и колку приклучоци има на одредена локација.

Она што сепак нема да го има на Google Maps, е можноста да се провери дали некои станици за полнење се зафатени во моментот. Вкавата информација е важна, бидејќи за разлика од полнењето бензин, треба многу повеќе време за да се наполни еден автомобил со струја.

Потребно е доста време за да се наполни еден автомобил со струја до половина, а уште повеќе за да се наполни целосно. Социјалната компонента на апликации од типот на PlugShare, па дури и апликацијата на Chargepoint помага да се решат тие проблеми така што ќе се поттикнуваат возачите постојано да го апдејтираат статусот на полначите, проблемите и да понудат совети за најдобро полнење.

 

Текстот Google Maps ќе покажува каде има полначи за електрични автомобили е превземен од USB.mk.