Google веќе со години е глобален лидер на полето на паметните мобилни телефони и прелистувачи, а сега оваа компанија влегува на територијата на синтеза на гласот.
Text-to-speech или текст во говор е опција што често се користи на Запад, особено во деловното опкружување. Сега Google претставува нов вештачки глас, кој всушност се генерира во Cloud или т.н. облак-платформа.
Google пред неколку години купи WaveNet-технологија од британската компанија Deep Mind. Оваа технологија овозможува компјутерот да генерира целосно природен глас, а корисниците може да изберат возраст, боја на гласот, па дури и начин на кој се акцентираат одредени зборови.
Оваа технологија се очекува да добие значење во роботиката во наредните неколку години.
Google веќе низа години ги префрла повеќето свои опции на Cloud/облак-платформа, па така повеќе апликации веќе долго време работат во синхронизација со облак.
Нешто слично прави и Apple со својата вештачка интелигенција нарачена Siri, но сега Google ја презема иницијативата, а целта е, се разбира, целосна интеграција на услугите со вештачката интелигенција и Cloud-сервисите.
Текстот Google воведува нов вештачки глас во својот сервис што ќе звучи како вистински е превземен од USB.mk.