Границите на земјината атмосфера се наоѓаат многу подалеку од месечината

Истражувачите дојдоа до неверојатно откритие. Надворешната атмосфера на Земјата се проширува многу подалеку отколку што се очекуваше, поточно околу 630 000 километри, што е приближно 50 пати повеќе од дијаметарот на нашата планета. Очигледно, таму не може да се дише, затоа што атмосферата станува поретка како што се оддалечуваме од земјината површина, но овој откритие е значајно кога се работи за вселенските истражувања и патувања.

Овие откритија, објавени во Journal of Geophysical Research: Space Physics, се направени благодарение на децениските набљудувања од страна на соларната хелиосферна опсерваторија (SOHO) на ESA/NASA. Истражувањата се всушност направени пред неколку децении, а можат да се вршат само во определeни периоди од годината.

“Месечината се наоѓа во земјината атмосфера”, изјавува Игор Баилукин, водечкиот автор од Рускиот Вселенски Институт. “Не бевме свесни за ова се додека не ги искористивме податоците од истражувањата направени пред неколку децении од страна на СОХО.”

Податоците покажуваат дека земјината егзосфера е малку погуста отколку интерпланетарниот простор. На далечина од 384 000 километри (оддалеченоста на месечината од земјата), има 0.2 атоми на еден центиметар кубен. На 60 000 километри од земјата има 70 атоми на водород во еден центиметар кубен и густината опаѓа на помалку од еден атом на центиметар кубен на оддалеченост четири пати повеќе од истата. Наспроти малата густина, водородот стапува во реакција со сончевите зраци, поточно ултравиолетовите. Ова емитирање е она што им овозможува на научниците да ја изучуваат таканаречената геокорона.

“Во тоа време, астронаутите кои што се наоѓале на површината на месечината не знаеле дека всушност се наоѓаат во геокороната,” објаснува Жан-Лу Берто, коавтор.

Ова откритие може да има и големо влијание во истражувањето на егзопланетите исто така. Ултравиолетово сјаење од водород во егзосферата на една планета сугерира на постоење на водена пареа блиску до површината. Ова е случај со Венера, Земјата и Марс. Детектирање на ваква појава околу една планета во друг ѕвезден систем може да ни посочи за постоење на воден резервоар на тоа место.

Извор: Астрономија.мк

 

Текстот Границите на земјината атмосфера се наоѓаат многу подалеку од месечината е превземен од USB.mk.