Гулабот писмоносец обучен во Белгија беше продаден во неделата на аукција преку интернет за рекордни 1,25 милиони евра, со што стана најскапата птица во светот.
Интернет-страницата Pigeon Paradise (Pipa) ја објави рекордната цена што ја постигна гулабот Армандо Пуни, кој беше одгледан од Џоел Вершут, еден од најистакнатите одгледувачи во Белгија.
„Никој не се надеваше дека гулабот ќе го надмине магичниот лимит од 1,1 милион евра. Конечната продажна цена изнесува 1.252.000 евра“, објави Пипа, не откривајќи го идентитетот на купувачот.
Белгиската новинска агенција Белга, сепак, наведува дека купувачот е Кинез, кој „сигурно ќе го употреби рекордерот за репродуктивни цели за да добие нови шампиони”.
Интересот на кинеските колекционери во последниве години го поттикна порастот на цената на гулабите писмоносци за трка, во која победник е првиот гулаб пуштен од кафезот кој се враќа дома.
Семејството Вершут на аукција преку интернет продаде 178 гулаби за околу 2 милиони евра.
Текстот Гулаб писмоносец продаден на аукција за рекордни 1,25 милиони евра е превземен од USB.mk.