Камерите за надгледување овие денови се насекаде, а истражувачите работат на тоа да ги направат се попаметни и попаметни. Најновиот напредок е во проблемот на конструирање – или “халуцинација” во машинското учење – ML-линеарна – односно произведувањето на комплетна слика на лице од делумна или затскриена слика, пишува ZDNet.
Оклузијата се случува кога предметот, или телото, што сакате да го видите, е делумно покриен од некој предмет или тело што интервенира. Во преполната јавна површина, на пример на Тајмс сквер во Њујорк, камерите за надгледување ретко би добиле непречен поглед кон личностите што треба да ги снимаат.
Во САД, каде што видео надгледувањето е помалку распространето за разлика од Велика Британија, има уште неколку години релативна слобода од технологијата за надгледување – доколку не го носите вашиот паметен телефон. Но, како што покажува историјата, ако моќта може да се злоупотреби, тоа и ќе се случи, додава ZDNet.
Комбинацијата на 4k видео надгледување – и евтини складишта кои овозможуваат меморијата да се зачува засекогаш, како и брзиот напредок во машинската визија – сето тоа значи дека за неколку години само неколку илјади луѓе ќе можат да надгледуваат неколку милијарди, со помош на огромна клауд инфраструктура.
Текстот “Халуцинирачката“ вештачка интелигенција ќе го отежни криењето од видео надгледувањето е превземен од USB.mk.