RAU Architects и Ro&Ad Architects ја дизајнираа опсерваторијата Tij во облик на јајце која е сместена во природниот резерват Scheelhoek во Холандија. Станува збор за опсерваторија која ќе биде всушност место од кое ќе се набљудуваат птиците и нивното однесување. Се наоѓа на крајбрежјето на Scheelhoek и веќе ќе почне со работа.
Формата е покриена со кадифена трска која е добиена од локалниот природен резерват.
Опсерваторијата Тјј, која се преведува како плима, е еден од серијата проекти финансирани од холандската влада.
Текстот Холандија доби опсерваторија во вид на јајце е превземен од USB.mk.