Почвата во Холандија тоне побрзо отколку што се очекуваше поради климатските промени, велат последните извештаи на експертите. Многу топлите лета во последниве години го забрзаа тонењето на земјиштето и тресетот во областите каде што доминира јагненисаната почна формирана со распаѓање на вегетацијата. Процесот е неповратен, велат последните студии.
Новата дигитална мапа која е изработена и чини 22 милиони евра, до 2050 година секој ден ќе ја ажурира состојбата на селата и градовите во опасниот појас.
Падот на почвата во голема мера се надоместува со песок и глина депонирани за време на поплавите за големи реки.
„Ова е проблем што не само што може да го промени типичниот холандски пејзаж, со своите ливади, мелници и монументални градови, туку штетата што е предизвикана на темелите на куќите и улиците е видлива во некои градови“, предупредуваат експертите.
Фасадите и вратите на некои згради се веќе искривени, а има пукнатини на ѕидовите и проблеми со канализациската мрежа која исто така тоне и се прекинува
Текстот Холандија тоне како никогаш досега е превземен од USB.mk.