Ако добро слушнете, на некои места ќе слушнете и хор од риби.
Океаните или морињата може да изгледаат како оази на мирот и тишината. Кога ќе нурнете, ако побегнете од метежот во плиткото, не слушате речиси ништо. Но, на некои места под морето на нашата планета можете, ако добро слушате, да слушнете како пее хор од риби, тврдат научниците.
Тие одредени видови на риби всушност пеат соло делници, повторуваат исти повици цело време, но кога тие звуци од различни риби ќе се преклопат, настанува хорска мелодија, пишува Godnewsnetwork.
Биоакустичарот Роберт Мекколи и неговите колеги од Куртин универзитетот во Австралија, во текот на 18 месеци го снимале вокалното изразување на рибите во крајбрежните води покрај Хедланд во западна Австралија и идентификувале седум различни хорови на риби кои пеат во текот на зората и зајдисонцето.
На снимката позадинскиот звук кој потсеќа на длабоките звуци на рог, доаѓа од Протонибеа диакантус, додека периодичното “потпевнување” и припаѓа на рибата Терапонтидаеи. Третиот учесник во групното пеење е нешто потивкиот вид Огцоцефалидеа, кој пее нешто што звучи како “ба-ба-ба”, пренесува Goodnewsnetwork.
Имено, вокализацијата игра важна улога во различното однесување на рибите. Важна е кај хранењето, репродукцијата и територијалните спорови. Ноќните грабливци ги праќаат пораките до своето јато да се држат заедно во текот на ловот, додека рибите кои се активни во текот на денот користат звук за да ја одбранат својата територија.
“Имате утрински и вечерен хор, како и кај птиците во шумите”, рекол морскиот биолог Стив Симпсон од Универзитетот Ексетер во Велика Британија. Научниците пеењето на рибите го снимиле со помош на два различни морски видео-рекордери, еден бил позициониран во близина на брегот Порт Хедланд, а друг на 2-тина километри подалеку од брегот. Звуците можете да ги слушнете тука.
“Со нивна помош можевме да следиме што се случува во длабочините во Порт Хедланд 24/7 во текот на една и пол година. Не знам некој нуркач што би издржал толку долго под површината на морето”, додал Симпсон.
Извор: Telegraf.rs
Текстот Хор во море: Првпат снимени риби како пеат како птици (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.