Хотел на Меѓународниот аеродром Ханеда во Токио има инсталирано симулатор за летање во една од просториите каде гостите можат да резервираат термин за 90-минутни летачки сесии.
Машината го симулира искуството за пилотирање со боинг 737-800, на лет од Ханеда до аеродромот Итами во Осака со помош на инструктор кој е тука да помогне. Користењето на симулаторот чини 30.000 јени (277 долари), додека резервацијата на соба за ноќ е дополнителни 25.300 јени (234 долари). На гостите не им е дозволено сами да го користат симулаторот.
Аки Хагивара, менаџер за односи со јавноста во хотелот, дека чинело околу 10 милиони јени (92.000 долари) за да се опреми собата.
Текстот Хотел на аеродром во Токио нуди симулација за летање во собите е превземен од USB.mk.