Хотелот Bellora во Шведска направи посебен апартман во којшто сместувањето е бесплатно, доколку гостинот не го користи својот мобилен телефон.
Станува збор за апартманот The check out suite, во којшто има специјална ламба што го следи користењето на мобилниот телефон за социјални мрежи. Гостинот го поврзува својот телефон со ламбата што користи Wi-Fi.
Ламбата пушта бела светлина ако гостинот го користел својот телефон до 30 минути, што е препорачано време. Доколку го надмине тоа време, ламбата светнува во црвена боја и гостинот ќе мора да го плати своето сместување. Ако корисникот успее да издржи без телефон, тогаш собата е целосно бесплатна, пишува Insider.
Текстот Хотел во Шведска нуди бесплатно сместување ако не користите мобилен телефон е превземен од USB.mk.