Технолошкиот гигант со години соработува со специјалисти на НАСА на разни иновативни проекти, а нивната последна заедничка иницијатива е развој на суперкомпјутерот HPE Aitken.
Импресивната машина е дизајнирана целосно да се користи во идните мисии на НАСА, вклучително и за следното слетување на Месечината. HPE Aitken е резултат на четири години научно истражување, пишува Digital.bg
Новиот суперкомпјутер е оптимизиран за програмата на НАСА Артемис и ќе може да ги изврши сите потребни компјутерски задачи и 3Д моделирање за претстојните мисии на Месечината.
Машината е заснована на HPE SGI 8600 платформата и има вкупно 1150 Nodes, од кои секој користи два 20-јадрени Intel Xeon Scalable процесори. Aitken NP има вкупно 46.080 јадра и 221TB меморија и перформанси од 3,69 петафлопи.
Текстот HPE Aitken е новиот суперкомпјутер за идните мисии на НАСА на Месечината е превземен од USB.mk.