Илјадници бебиња царски пингвини исчезнале во морето на Антарктикот (ВИДЕО)

Илјадници младенчиња царски пингвини се удавија во морето кога тешки временски услови го уништија глечерот каде што живееја.

Би-би-си потсетува дека оваа катастрофа се случи во 2016 година во Веделовото Море, а научниците објаснуваат дека колонијата пингвини живееле на тенок мраз, кој е поврзан со глечер, и дека постарите пингвини не се обиделе да ги префрлат младенчињата на побезбедно место.

За големата загуба на младенчињата известуваше тим на Британските истражувачи на Антарктикот (БАС) откако лекарите Питер Фретвел и Фил Третан на фотографиите снимени од сателит го забележаа исчезнувањето на колонијата.

Во оваа колонија во текот на изминатите неколку децении се раѓале од 14.000 до 25.000 парови, па во суштина преку ноќ исчезна 5-9 отсто од светската популација на пингвини.
Царскиот пингвин е најкрупнииот вид на кој му е потребна цврста подлога од мраз, која може да издржи до април бидејќи младите птици доаѓаат на свет во декември.

Ако глечерот се стопи и се распадне предвреме, младенчињата не се подготвени за пливање бидејќи тие не се целосно развиени и немаат перки за ладна вода.

Не е јасно зошто глечерот на кој живееле птиците никогаш не се обновил, како што не постои ни прецизна климатска промена што довела до оваа појава, а атмосферското и океанското следење покажаа мали промени.

Сепак, се чини дека оваа колонија е чувствителна на промени и топење на мразот, а тимот што се занимава со ова истражување вели дека затоплувањето на Антарктикот би можело да има сериозно влијание, особено врз царските пингвини.

Истражувањето покажа дека ако мразот на Антарктикот се намали, може да исчезнат од 50 до 70 проценти од овој вид.

Лекарите Питер Фретвел и Фил Третан го објавија своето истражување во списанието „Антарктик сајенс“.

Текстот Илјадници бебиња царски пингвини исчезнале во морето на Антарктикот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.