Илјадници луѓе се собраа во Чиле и Аргентина да сведочат на единственото целосно помрачување на Сонцето во 2019 година. Северниот дел на Чиле е познат по јасното и чисто небо и токму затоа важи за глобален астрономски центар.
Помрачување на Сонцето се случува кога Месечината минува низ Земјата и Сонцето, поради што нашата планета останува во мрак. Најдобриот поглед беше од пустината Атакама, северно од чилеанскиот крајбрежен град Ла Серена, каде небото е многу чисто поради малата влажност и непостоењето на градско осветлување.
Guardian објави фотографии од вчерашниот природен феномен.
Текстот Илјадници луѓе го посматраа тоталното помрачување на Сонцето (ФОТО) е превземен од USB.mk.