Индија изгуби контакт со вселенското летало Викрам кое требаше да слета на Месечината. Леталото требаше да слета на јужниот пол на Месечината за да постави возило кое требаше да трага по вода, соопшти индиската Организација за истражување на вселената (ИСРО).
Сè уште не се знае дали леталото слетало или доживеало несреќа. Од ИСРО навеле дека во тек е анализата на податоци за да се утврди што се случило.
Мисијата Шандрајан 2 за која се потрошени околу 140 милиони долари имала за цел да ги анализира кратерите на „темната страна“ на Месечината, кои содржат резерви на вода што го потврди мисијата Шандрајан 1 во 2008 година. Новата мисија полета на 2 јули од вселенскиот центар во Сатиш Даван на островот Срихарикота, по што Шандрајан 2 помина неколку неделен на пат кон Месечината за конечно да влезе во неjзината орбита на 20 август.
Леталото Викрам на 2 септември се одвои од главниот вселенски брод и почна серија маневри за да се подготви за слетување.
Со успешното слетување на Месечината, Индија ќе станеше четврта земја кој би го направила тоа и трета земја која би поставила роботизирано возило. Само три земји – САД, поранешниот Советски сојуз и Кина имаат приземјено летала на Месечината, а Кина во јануари стана првата земја која слета на задната страна на Месечината. Во април, пак, израелско летало се урна неколку моменти пред да слета на Месечината.
Текстот Индија изгуби контакт со леталото кое требаше да слета на Месечината (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.