Денес многу уреди меѓусебно комуницираат преку интернет, и со и без човечка контрола. Овие уреди сочинуваат мрежа со име “Internet of Things”.
За среќа, ниеден технолошки напредок не резултирал од светот со кој владеат роботитие – барем не се уште. Сепак, се чини дека машините цело време стануваат се попаметни.
IoT или “Internet of Things” е поим кој во последно време се користи се почесто. Во основа, секој уред со копче за вклучување и исклучување кој се поврзува со интернет е дел од IoT. Во многу случаи, овие уреди меѓусебно споделуваат податоци, пишува “Wonderopolis”.
Со споделувањето на податоците, уредите на IoT заедно работат на олеснување на некои делови од животот. На пример, замислете еден паметен дом – во него се наоѓаат паметен термостат, паметен звучник и паметна рерна. Сега замислете си личност која живее тука и има паметен телефон. Тој паметен телефон е поврзан со IoT – и сите уреди во паметната куќа.
Ако GPS-от на паметниот телефон знае дека лицето наскоро ќе биде дома, може тој податок да го прати на други IoT уреди. Термостатот може да се прилагоди на саканата температура на лицето. Паметниот звучник може да ја пушти неговата омилена музика. Сето тоа се случува пред лицето да влезе дома.
Ресторан со паметен фрижидер може самостојно да нарача одредени производи кога ќе види дека му недостасуваат. Паметен апарат за кафе – може да се синхронизира со алармот на паметниот телефон и знае кога треба да направи кафе.
Паметен автомобил, на пример, може да препознае проблеми и да ги прати директно до механичарот.
Колку е точно голем IoT? Се проценува дека во 2020-та година ќе бидат поврзани околу 34 милијарди уреди.
Секако, постојат и опасности. Хакерите и натаму можат да ги украдат податоците од уредите во куќите, автомобилите и претпријатијата. Поради тоа, безбедноста сега е поважна од било кога.
Извор: B92.net
Текстот Internet of Things: Дали иднината им припаѓа на машините? е превземен од USB.mk.