Италиjaнските власти размислуваат за зголемување на максималната дозволена брзина на 150 km/h на одредени делници од автопатиштата во земјата.
Ова е една од главните теми последните недели во рамките на иновациите воведени со новите прописи за автопатиштата во земјата.
Министерот за транспорт и инфраструктура во италијанската влада, Данило Тонинели, првично се спротивставил на оваа идеја поради сообраќакните несреќи предизвикани поради високите брзини, но сега, како што стојат работите, најверојатно и тој го променил своето мислење.
Сегашната максимална дозволена брзина на италијанските автопатишта е 130 km/h.
Текстот Италија експериментира со 150 км/ч дозволена брзина на автопат е превземен од USB.mk.