Израелската приватно финансирана сонда Beersheet е на пат кон Месечината. Пред месец и половина, ракетата на SpaceX ја лансираше оваа сонда, која во орбитата на Земјиниот природен сателит би требало да пристигне во текот на оваа недела, и на него да слета на 11. април.
Во случај да успее, ќе биде тоа прво успешно слетување на вселенскиот ландер на Месечината, а тоа многу ќе значи и за Израел. Оваа држава, по САД, Русија и Кина ќе стане дури четврта нација која го посетила ова небеско тело.
Во случај компанијата SpaceIL во следните денови успешно да ја спушти својата сонда на планираното место, ќе биде и непланирано богато наградена. Имено, оваа компанија се натпреваруваше во склоп на натпреварот Lunar XPRIZE, кој го финансираше и Google, а кој и ветуваше 20 милиони долари на екипата која ќе испрати летало на Месечината. Бидејќи тоа на никому не му успеа до март минатата година, натпреварот тогаш беше згаснат.
Упорните Израелци сепак ја продолжија работата на својот проект – и за тоа, од организацијата XPRIZE одлучија да ги наградат. Ако им успее слетувањето, ќе ја добијат Moonshot Award наградата од милион долари, за прикажување на револуционерна технологија, дури и вон временските рамки на натпреварот.
This Thursday, #Beresheet will reach the moon's orbit & perform a Lunar Capture: a maneuver entering the #moon's gravity & will begin circulating towards its planned landing. #SpaceIL & @ILAerospaceIAI are practicing scenarios & simulations in the hybrid lab. #IsraelToTheMoon
— Israel To The Moon (@TeamSpaceIL) April 1, 2019
Текстот Израелците ќе добијат милион долари ако успешно спуштат сонда на Месечината е превземен од USB.mk.