Израелците не се откажуваат од слетување на Месечината (ВИДЕО)

Израелската вселенска компанија SpaceIL одлучи да изгради втор лендер, откако првиот беше уништен при минатонеделната мисија на Месечината.

Оваа одлука ја најави израелскиот бизнисмен Морис Кан, кој ја водеше првата SpaceIL мисија. Меѓутоа, не е прецизирано кога вториот лендер ќе биде испратен на нашето најблиско небеско тело.

Beresheet, што значи генеза на хебрејски е името на првиот лендер, кој удри во површината на Месечината и се урна при својата мисија. Лендерот на 11. април пријде многу блиску до лунарната површина, но мисијата пропадна неколку моменти пред да успее да ја допре површината на Месечината.

 

Текстот Израелците не се откажуваат од слетување на Месечината (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.