Во словенечкиот град Кочевје денеска, по две години изградба, отворена е фабрика на јапонската компанија „Јаскава“, најголемиот светски произведувач на индустрики роботи.
Хуберт Кослер, кој е директор на новооснованото претпријатие „Јаскава Јуроп роботикс“, со седиште во Кочевје, изјави дека новата фабрика ќе ги дополни производствените капацитети на „Јаскава“ во Јапонија и Кина, а ќе придвижи 80 проценти од европската побарувачка на нејзините индустриски роботи од типот – Ротоман.
Јаскава планира до 2023 година во Словенија да вработи околу 200 лица, а годишно да произведува 10 000 роботи.
Инвестицијата е во вредност од околу 25 милиони евра, од кои 5,6 милиони осигура Словенија, по пат на државни субвенции. Станува збор за досега најголемата јапонска инвестиција во Словенија.
Текстот Јапонците отворија фабрика за индустриски роботи во Словенија е превземен од USB.mk.